Рада Манојловиќ за 7 песни земала 20.000 евра. Еве за која песна најмногу ја кителе (фото)

Рада Манојловиќ за 7 песни земала 20.000 евра. Еве за која песна најмногу ја кителе (фото)

 


Важи за една од најбараните пејачки на веселбите.

Пејачката Рада Манојловиќ неодамна била повикана на една прослава во Тутин, каде што ги исполнувала желбите на младенците, но и со бакшиш ги наполнила своите џепови.

Додека Рада пеела сватовите цело време ја кителе со евра, а како што пишуваат медиумите, од свадбата излегла побогата за 20.000 евра .

“Тоа беше една убава веселба, но нема да ви кажам колку пари заработив. Тоа нека остане тајна. Точно е дека имаше многу бакшиш, но многу поважно е дека младенците и сватовите одлично се забавуваа. Беше лудо и незаборавно“ вели пејачката.

Рада настапот во Тутин го започнала со “Јас немам друг дом“ од Лепа Брена, која била одбрана за свадбениот танц. После тоа извела свои три хита… Како што се дознава, убедливо најголем бакиш добила за песната “Европа“. Додека го пеела тој гастербајтски хит, околу неа летале од 200 и 500 евра.

Кога ги испеала сите седум песни, Рада со полни џепови се простила од младенците и сватовите и тргнала за Белград.

Претходен пост Следен пост