Шилегов и Јанчева за кафеана потрошиле над 90 илјади денари, се пиеле скапи виски и бифтеци. Јанчева и Шилегов пиеле виски старо 12 години. Се пиел Џони Вокер, Џејмисон, Чивас Ригал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие посочуваат и дека Шилегов и Јанчева трошеле на специјални јадења од кујна.
ВМРО-ДПМНЕ потенцираат Шилегов и Јанчева гоштевањето го правеле на сметка на скопјани.
– Од СДСМ се нервозни затоа што нивните кадри не можат веќе да се гоштеваат со пари на граѓаните по кафеани. Затоа е целата паника и страв, стои во соопштението.

Tags:
Македонија